1. Елементи на програмските јазици
1.1. Синтакса
1.1.1. Површинската форма на програмскиот јазик е позната како негова синтакса. Повеќето програмски јазици се чисто текстуални, тие користат низа на текстот вклучувајќи зборови, бројки, интерпункција, слично како што се пишуваат природните јазици.
1.2. Семантика
1.2.1. Динамична семантика
1.2.1.1. Динамичниата семантика (исто така познат како извршувачка семантиката) на еден јазик дефинира како и кога различни конструкции на еден јазик треба да произведат однесување на програмата.
1.2.2. Станична семантика
1.2.2.1. Статичката семантика дефинира ограничувања во поглед на структурата на валидни текстови кои се тешко или невозможно да се изразат во стандардни синтаксички формализми. За компилирани јазици, статичната семантика во суштина вклучува семантички правила кои можат да се проверат со компајлирање. Примерите вклучуваат проверка дека секој идентификатор е признат пред да се користи (во јазиците кои бараат такви декларации).
2. Видови програмски јазици
2.1. Јава
2.1.1. Java — програмски јазик којшто се појавува во средината на 1990-тите, а е развиен од американското претпријатие Sun Microsystems. Овој програмски јазик е сè позастапен во програмските решенија на пазарот. Негова силна страна е што може да се користи на повеќе оперативни системи само со воспоставка на JRE (Java runtime enviroment) за извршување на програми напишани во Јава или на jdk (java development kit) за развивање на програмите во овој програмски јазик.
2.2. C++
2.2.1. C++ е виши програмски јазик кој првобитно е развиен во Bell Labs (Лабораторатоија на компанијата за телекомуникации Bell), од strana na Bjarne Stroustrup vo 1979 како надополнување на програмскиот јазик C. С++ има широка употреба во софтверската индустрија, и останува еден од најпопуларните програмски јазици што некогаш биле создадени. Некои од неговите апликациони домени вклучуваат системски софтвери, апликациони софтвети, уреди, embedded software, опслужувач со високи перформанси и клиентски апликации, и софтвер за забава како што се видеоигрите.
2.3. Python(Пајтон)
2.3.1. Пајтон е често користен програмски јазик за општа употреба, креиран од Гуидо ван Росум од Python software foundation во 1991. Претстаавува интерпретиран програмски јазик, дизајниран со филозофија и принципи кои се фокусирани на чист код и едноставна синтакса. Концизноста на јазикот дозволува концепти и алгоритми многу брзо да се претворат во код, и основата на јазикот дозволува проекти од мал и голем размер. Има голема сеопфатна стандардна библиотека.
3. Програмирање
3.1. Компјутерско програмирање (често се користи за програмирање, скриптирање , или кодирање) е процес на дизајнирање, пишување, тестирање, дебагирање и одржување на изворниот код на компјутерските програми. Овој код е напишана во еден или во повеќе програмски јазици (како што се Java, C + +, C #, Python итн.)
3.2. Барање на квалитет
3.2.1. Сигурност
3.2.2. Употребливост
3.2.3. Преносливост
4. Програмски јазици
4.1. Програмски јазик е формален јазик за презентација (нотација) на сметачки програми. Со негова помош, преку разбирлив текст за човекот, се даваат команди и инсктрукции за извршување на интерни задачи, опис на влезни и излезни податоци како и нивна структура во зависност од интерни (во системот) и екстерни (надвор од системот) случувања. Програмските јазици се употребуваат да се создадат програми кои го контролираат однесувањето на машината, точно да изразат алгоритми.
4.2. Карактеристики на програмски јазици
4.2.1. Функиција и цел
4.2.1.1. компјутерски програмски јазик е јазик кој се користи за пишување компјутерски програми, кои вклучуваат компјутерско вршење некој вид на пресметка или алгоритам и можна контрола на надворешни уреди како на пример принтери, дискови, роботи, и така натаму. Општо земено, програмскиот јазик може да опише пресметка на некоја апстрактна машина
4.2.2. Абстракции
4.2.2.1. програмските јазици, обично содржат апстракции за дефинирање и манипулирање со структури на податоци или контрола на протокот на извршување.
4.2.3. Експресивна моќ
4.2.3.1. Теоријата на пресметување ги класифицира јазиците според пресметките кои се способни да ги изразат.